Sunday, September 15, 2019

Психологијата во пракса

Психологијата во форма на „стручни“ терапевти е најголемата превара на планетава Земја (меѓу сите други превари што се еднакво моќни како оваа). Мавташ пари за да слушаш човек со свои егзистенцијални проблеми како ти соли памет за функциите во твојот живот и како можеш да ги поправиш, а ако си малку поитар од него/неа, ќе го превртиш муабетот и ќе почнеш да слушаш од него/неа за децата, бракот или неговиот неуспех, и како всушност и тој/таа е загубено куче во пустина кога се работи за поентата на постоењето.

Ако вашиот психолог НЕМА деца, пуши цигари, е алкохоличар, и го мрази човечкиот род и општеството кој го креирал - само ТОГАШ слушајте го и давајте му пари; само тој психолог вреди. Тој психолог знае да било општеството оптимизрано да го служи човековиот род, да доминирала добрината меѓу нас, и да се сакало да се воспостави еднаквост, мир, и меѓусебен просперитет, немало да треба да постојат професии како психолог за да се поправаат грешките кои ги имаат отворено административните и политички гниди на планета Земја.

Да се беа режимите и правата извајани според човечката психолошка матрица (The Human Condition), се' ќе беше океj; немаше да има психолози-терапевти. Ќе имаше за што да се живее бидејќи немаше да се запоставува нашиот колективен менталитет и потреба на припадност во срдечен сојуз или заедница. А ова шминкање за по кафичи, перење пари, праење деца за да поправиш одвратен брак, натпреварување за тоа кој е најпаметен политички на Фејсбук, бркање фама на Инстаграм со празноглави цитати и самобендисана проституција - ништо од ова не е нешто за живеење.

Happiness - https://www.youtube.com/watch?v=e9dZQelULDk

No comments:

Post a Comment